Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
Болничко лекување, операции, лекови, ортопедски помагала, рехабилитација...ова е процесот на лекување на скршеници како најчеста и сериозна компликација кај остеопорозата. Ова е голем трошок и за пациентот и за здравствениот систем. За жал и во нашата земја како и во глобални рамки има многу со оваа болест предупредуваат лекарите, а навремената дијагностика може да ги ублажи полседиците.
-Затоа е ова едно бум во епидемијата со остеопороза затоа што како што расте бројот на возрасно население така се зголемуваат скршениците. Секогаш ќе има скршеници не можеме да ги избегнеме затоа сме тука ние хирурзите да оперираме, но колку што може да ги намалиме за да имаат поквалитетен живот, вели проф.д-р Марта Фотева, ортопед во ТОАРИЛУЦ
Дензитометријата е единствен апарат со кој може да биде дијагностицирана остеопорозата, но ги нема доволно во државата.
-13 апарати се на ниво на целата Република, пет се наоѓаат во Скопје. Многу мал е бројот на апарати кои се за превенција за луѓето кои имаат болести на коските, посебно после педесеттата година, изјави д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.
-Тука зборот не е за колку колкови, дали има колкови и колку се чека за колкови туку да имаме помалку скршени колкови и други скршеници, изјави Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Здравствените власти потврдуваат дека апаратурата не е доволна за дијагностика на остеопороза.
-Реално дека имаме дел од техниката многу стара, дел стара ама се користи и таа што ја набавуваме и треба многу големи инвестиции во здравствениот сектор, вели Азир Алиу, министер за здравство.
Освен апаратура потребен е и регистар на пациенти со остеопороза за нивно подобро следење од страна на лекарите.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
