Loading Video...
Македонија
3. April 2026 - 21:06

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата

Ситуацијата на Блискиот Исток ќе потрае, а ефектите ќе ги почувствуваме подоцна. Сега не е време за паника, но не е ниту време да се биде лежерен. Економскиот аналитичар Зоран Јовановски во Тема на Денот рече дека најмалку што ни треба во моментот е популизам и популистички мерки.

Државата ќе мора паметно да ги користи резервите на нафта бидејќи никој не може да каже што ќе се случува во иднина.

Ќе мораме да се навикнеме и да сфатиме дека пред нас се тешки денови. Јовановки вели, не смееме да дозволиме на сметка на иднината на младата популација, ние денеска да живееме лежерно во вакви времиња. Затоа државата ќе мора да размислува за конкретни, таргетирани мерки.

Претходно неделава Фајненс Тинк во публикација објави дека можни се три сценарија. Во најдоброто сценарио, доколку војната заврши веднаш, на крајот на годината инфлацијата би била 3,5%. Но според најцрното сценарио, годишната инфлација би можела да биде 8,2%.