Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
После 30 години охридскиот кеј со градското пристаниште и пристаништето кај хотелот Палас ќе добијат нов лик. Последен пат интервенции се направени во 90те години. Согласно проектот кој е во изработка, пристаништата ќе функционираат како марина.
Министерот за транспорт и врски Николоски најави дека за овој проект се разговарало и во седиштето на Унеско во Париз се со цел од една страна да се задржи статусот и да се унапреди, а од друга страна да имаме модерен кеј и функционални пристаништа.
Сопствениците на пловни објекти ја поздравија ваквата идеја за модернизација на двете пристаништа која има за цел да да ги реши долгогодишните проблеми.
Капетанот на Капетанијата на пристаништа во Охрид, Илија Арнаудоски, најави засилени инспекциски контроли во екот на сезоната за подобрување на севкупната безбедност на пловидбата на Охридското Езеро.
Според податоците од Капетанијата на пристаништа во Охрид, во бродскиот регистар има 3.450 пловни објекти на ниво на цела држава. Се очекува во охридската пловидба да бидат вклучени уште три брода од кои два се во градба.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
