Свет
6. April 2026 - 12:04

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, реагираше по потврдата од Иран за смртта на шефот на разузнавачката служба на Револуционерната гарда, Маџид Хадеми.

„Револуционерната гарда пука по цивили, а ние ги отстрануваме лидерите на терористите“, порача Кац, додавајќи дека иранското раководство сега живее со свеста дека е цел.

„Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.

Ново на Сител