Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
Поранешниот штипски текстилен гигант се затвори заради распадот на еднствениот југословенски пазар, покажале истражувањата на универзитетскиот професор и автор на книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951-2001)“, Андон Мајхошев. Фабриката растеше и се развиваше 50 години, а кулминацијата ја доживеа кон крајот на 80-тите години на миниот век, кога вработуваше околу 6000 работници.
- „Македонка“ била локомотива на локалниот економски развој, таа била еден своевиден Универзитет, ги имала сите потребни служби како што ги иа една држава. Така што „Македонка“ има огромно значење за вкупниот општествено економски и политички развој за општината и републиката, изјави Андон Мајхошев автор на книгата и пранешен вработен во „Македонка“.
Фабриката беше препознатлив белег на „македонскиот Мачестер“ како што некогаш се нарекуваше градот Штип, многу значајна за егзитенција на илјадници семејства.
- Во еден период во Штип, кога се ликвидираше „Македонка“ и „Астибо“, така тоа се случи многу брзо, бројот на вработените и невработените се изедначи. Имаше 12.500 невработени, а 12 000 вработени. Тоа беше некаде во 2002-ра госина, изјави Мајхошев
Целото производство било дизајнирано да ги задоволи потребите на 25 милионскиот пазар на поранешната држава, а 20% се работело за извоз. Ваков комбинат по социјалситички терк во денешните услови на пазарна економија не би можел да постои, додава Мајхошев.
- Денеска во Македонија тоа е тешко остварливо, тоа е многу скапа работа и не сум убеден дека тоа може да биде постиигнато, скептик сум, изјави Мајхошев.
По промоцијата беше отворена и изложба на фотографии од ТК „Македонка“, која го прикажува историскиот развој на работниот колектив.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
