Македонија
7. April 2026 - 20:01

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“

На 18-годишнината од постоењето, клиничката болница Аџибадем Систина започнува нова ера во хируршкиот третман на пациентите со набавката на најсовремениот роботски систем Toumai.

Систина наскоро ќе воведе роботска хирургија со што ќе стане првиот и единствен центар за ваква хирургија во Македонија, Косово и Албанија кој ќе овозможи ваков тип на хируршки интервенции.