Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
Специјалистичките амбуланти и центри при Клиничката болница во Штип започнаа да функционираат на нова локација, во просторот на поранешната модуларна болница. Пациентите од источниот регион, кои имаат закажано прегледи преку „Мој термин“, ќе ги реализираат токму овде.
Директорот на штипска Клиничка, Владко Захариев информира дека ординациите се веќе опремени со неопходната медицинска и техничка опрема и почнуваат со редовната работа на новата локација.
-Сите амбуланти кои се од „Мој термин“ се префрлени овде во овој објект. Што добиваат граѓаните? Значи овде имаме технички повеќе амбуланти, отколку што имавме во старата зграда. Што значи со тек на време ќе добијат повеќе термини на „Мој термин“ за да вработените пуштат и со тек на време специјалистите и субспецијалистите ќе бидат подостапни за самите пациенти, изјави Владко Захариев, директор на КБ-Штип.
Во овој простор се сместени вкупно 17 специјалистички амбуланти и центри, меѓу кои за дијабетес, психолошка поддршка и други услуги. Пациентите од Штип кои примаат инсулинска терапија, отсега ќе ја подигнуваат токму тука.
Објектот беше поставен за време на Ковид-пандемијата, а по неговото реновирање е донесена одлука повторно да се стави во функција, со цел да се искористи капацитетот и да се спречи негово пропаѓање или евентуални злоупотреби.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
