Македонија
8. April 2026 - 12:31
Конфликтите го менуваат туризмот
Конфликтите го менуваат туризмот. Поради случувањата на Блискиот Исток се поголем број туристи бираат побезбедна и постабилна дестинација за патување. Охрид треба да се прилагодува кон побарувачката која е разновидна.
Откажувањата во делови од Блискиот Исток и источниот Медитеран го пренасочуваат интересот кон Европа, а Балканот и земјава може да зебележат пораст на туристи.
Според добрите познавачи ценовната политика треба да се усогласи со состојбите кои се на внатрешен и надворешен план.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика во јануари годинава има пораст од 6, 2 проценти во споредба со истот месец минатата година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
