Македонија
8. April 2026 - 19:18

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите

Платите на судиите сепак ќе се зголемат.

Уствниот суд ја поништи одлуката за намалување на коефициентите за пресметка на судиските плати, изгласани во Собранието крајот на февруари.  По поднесените иницијативи од Здружението на судии,  Уставен поведе постапка за оценување на уставноста  на законот за изменување на Законот за плати на судиите и денеска донесе одлука  истиот да се поништи.  Ова значи дека се враќаат повисоките коефициенти за пресметка , кои во зависност од позицијата и видот на судот каде работат, се движат од 2,15 на 2,84.

Ако се помножат со просечната бруто плата , доаѓа дека најниската  плата ќе изнесува 146,094 денари, додека највисоката 192,,980 денари.  Зголемувањето кај најниската е  нешто над 200 евра, а кај највисоката -   276 евра бруто..  

Како решавачки аргумент за ваквата одлука беа земени  во предвид   значењето на финансиката независност  и самостојност на судството

Коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството.

Од Уставен појаснуваат дека ова решение не се однесува за  платите на уставните судии, , за кои ќе одлучуваат дополнително,  бидејќи се во друг предмет.

Оваа одлука исто така не се однесува на сите останати избрани и именувани функционери. Меѓу кои  – јавни обвинители, пратеници, министри, градоначалници , директори. Коефициентитре на сите се спуштија преку пакет од 6 закони, изгласани крајот на февруари во Собарнието.