Македонија
10. April 2026 - 16:41

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството

Велики петок, натажниот и најтешкиот ден во христијанството, денот на кој Исус Христос бил распнат на крстот претрпувајќи големо страдање.

Христијаните овој ден го одбележуваат со строг пост, одат во храмовите каде се поклонуваат и протнуваат под плаштеницата, оставаат црвени јајца. Таква беше сликата и денеска во Соборниот храм Св. Климент Охридски.

Голем број верници дојдоа да се помолат, запалат свеќа. Велат денешниот ден ќе го одбележат мирно, со молитва и пост.

Денешниот ден е за споменувања на стадањата Христови, моментите кога Исус ги живеел последните денови на земјата, објаснува отец Антонио. Исус дозволил да биде измачуван и погубен да му помогне на човештвото да го победи гревот.

Во турбуленти времиња, каде преовладуваат војни, насилство и сиромаштија во пораката на црквата овој Велигден акцентот е ставен на љубовта, токму тоа што го проповедал и Исус.

Камбаните на храмовите не ѕвонат се до утре на полноќ, кога верниците ја чекаат радосната вест за Христовото воскресение. Тогаш завршуваат и велигденските пости, а христијаните празникот го слават во кругот на семејството и пријателите со мрсна трпеза. Верниците се поздравуваат со Христос Воскресна, Навистина Воскресна и се кршат со црвени јајца.