Празнична атмосфeра во Охрид
Празнична атмосфера во Охрид како во главната туристичка сезона.
Иако, Велигден се смета за семеен празник кој вообичаено се слави дома, христовото воскресение во многубројните охридски цркви, чаршијата и објектите на ривиерата години наназад носи многу верници од државава и странство кои се восхитуваат на древната историска духовност на овие простори.
Во пресрет на големиот празник Велигден, базарот ја збогатува празничната атмосфера во градот а воедно и ја потикнува хуманоста и сплотеноста во заедницата.
Убавините на Охрид секогаш ги примамуват гостите да го посетат ова културно историско место но и да направат прошетка со бродовите или катамараните во водите на охридското езеро.
Охрид е празнично урасен .со велигденските украси поставени низ градот, кои внесуваат ведрина и свеченост во секое катче .
Велигден се смета за почеток на туристичката сезона. Судејки по досегашните најави, туристичките работници очекуваат плодно лето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
