Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
Во петок и сабота, Штип повторно организира денови на модата или „Stip Fashion Days“, настан кој од година во година го зацврстува статусот на градот како еден од центрите на модната индустрија во државата. Овој пат настанот ќе се одржи во просториите на градскиот трговски центар. Поголемите штипски текстилни компании ќе претстават осум ревии на своите производи, а свои модели ќе презентираат и млади дизајнери.
- Она што е ново годинава е тоа што настанот ќе биде отворен со ревија на 15 студенти кои студираат на државните и приватните универзитети во државата, а се на насоките за моден дизајн и тие се поддржани од општина Штип и поддржувачите на општината на овој настан, изјави Вишна Шорова-Ангелова, секретар на општина Штип
Оваа ревија ќе биде од натпреварувачки карактер.
- Оној кој ќе биде победник и избран од страна на жири комисијата ќе има можност во текот на есента, кога ќе се одржи наредното издание на „Stip Fashion Days“, да се престави пред јавноста со цела своја колекција, додаде Шорова-Ангелова
„Stip Fashion Days“ не е само моден настан, туку и платформа за поврзување на дизајнери, текстилни компании и креативци, со што се дава нов поттик на текстилниот сектор, кој традиционално има значајна економска улога во регионот.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
