Македонија
15. April 2026 - 12:19

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд

Цените на основните производи во земјата остануваат стабилни со минимален пораст, покажaла најновата компаративна анализа на Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат. 

Иако набавните трошоци за трговците се зголемени, граѓаните не го почувствувале целиот товар поради кратење на профитните маржи во маркетите.

Анализата, изготвена по налог на Владата, опфаќа 55 најпродавани производи во четири различни трговски синџири во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

Според податоците, забележан е раст кај продажните цени од околу 0,43%.