Македонија
15. April 2026 - 19:46

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување

Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување на ЕУ. Македонија има цврст партнер во Белгија, кој секогаш ќе ги поддржува македонските интеграции, но обврските за уставни измени остануваат, порача од Скопје белгискиот министер за европски прашања Максим Прево. Вели важно е по исполнување на обврските, да се дадат гаранции од сите земји членки дека нема да има нови блокади.

Македонската влада останува посветена на спроведување на клучните реформи, вклучително Реформската агенда, како и на целосно усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, порача шефот на македонската дипоматија Муцунски.

Муцунски очекува и по неделните избори во Бугарија формирање на стабилна бугарска влада со која може се воспостави дијалог.