Македонија
18. April 2026 - 16:39

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!

Еден донор може да спаси 8 животи. Со овој наслов синоќа во Кавадарци се одржа четвртата по ред јавна трибина за значењето на органодонорството и да се подигне свесноста кај граѓаните од важноста на трансплантацијата. Во државата околу 200 пациенти чекаат органи, од нив најмногу се за бубрези. Следната ваква трибина е во Струмица.