Македонија
20. April 2026 - 13:26

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“.

На 27.03.2026 на патот с.Ливада - с.Биџево, Б.Д. и уште едно лице се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило.