Македонија
20. April 2026 - 16:40

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар

За денар и пол поевтинуваат горивата од полноќ. Регулаторната комисија донесе одлука да се намалат цените и на бензините и на дизелот, имајќи ја в предвид владината одлука за пониска акциза и повластениот  данок на додената вредност од 10 отсто. Иако кај дизелот ДДВ се враќа на 18%, максималната продажна цена изнесува 94 денари за литар.

Овие цени  на најголемиот дел бензинки пумпи можат да бидат и пониски.   Попустот кој го даде Окта од 2 денари за бизнините и 3 за дизелот, се уште е на сила.  Така 95 ката  може да се продава  по 78,5 денари за литар, 98 цата-  80,5, а дизелот за 91 денар.

Со владините мерки се штити стандардот на ѓраѓаните, а стастикатата на ММФ покажала дека само две земји во Европа примениле повеќе мерки од нас, изјави вчера премиерот Мицоски .

Од опозициската СДСМ не се согласуваат. Велат дека цените постојано растата, а граѓаните стануваат се посиромашни.  Затоа бараат итни мерки –

-Замрзнување на цените на основните производи, намалување на ДДВ за храна и енергија, директна помош за ранливите категории, мерки за зачувување на работните места. Економијата не е статистика, туку животот на секој граѓанин.

И Синдикатот пресмета дека на едно семејство во април им биле потребни 1,000 денари повеќе во споредба со март. Минималната кошница изнесува скоро 68. 800 денари. Најголем дел, над една третина, домаѓинствата трошат за храна и пијалоци. Над 7,000 за образование, над 6 илјди денари за облек и сметки.

Зголемувањето од почетокот на годината, според синдикатотот, е за 3,300 денари. Семествата кои живеат во изнајмен стан ќе треба да плаќаат дополнителни  22 илајди денари за кирија.