Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто

Цените на горивата и на мазивата во Европската Унија во март нагло пораснаа за 12,9 отсто на годишно ниво, при што е забележан особено силен раст на цената на дизелот од речиси 20 отсто, објави денеска Евростат.
Најголемо поскапување е забележано во Германија, каде што цените се зголемија за 19,8 отсто, по што следуваат Романија со 19,6 отсто, Холандија со 18,8 отсто, Летонија со 18,5 отсто и Австрија со 17,2 отсто.
Наспроти ова, Унгарија и Словенија се единствените членки на ЕУ кои забележаа годишен пад на цените на горивата од 2,7 отсто, односно 5,9 отсто.
Во март, цените на дизелот во ЕУ беа повисоки за 19,8 отсто во однос на истиот месец лани, додека бензинот поскапе за 9,4 отсто. На месечно ниво, во споредба со февруари, дизелот во просек поскапел за 19,1 отсто, а бензинот за 10,6 отсто.
Најголем месечен раст на цените на дизелот е регистриран во Чешка и во Шведска, по 27,6 отсто, а потоа следуваат Естонија со 26,8 отсто, Летонија со 25,4 отсто, Белгија со 25,2 отсто и Холандија со 25,1 отсто.
Кај бензинот, најголемо поскапување е забележано во Белгија (15,1 отсто), Шведска (15 отсто), Австрија (14,8 отсто), Чешка (14,6 отсто), како и во Естонија и во Литванија со по 14,2 отсто, се наведува на веб-страницата на Евростат.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
