Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција

Не постои апсолутно никаков страв од ширење на вирусот во Грција, но Грција никогаш не остава никого сам, нагласи министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис за грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“, кој во текот на ноќта беше превентивно префрлен во атинска болница, каде што ќе биде во 45-дневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот државјанин, првично со холандски авион беше префрлен во Ајндховен од каде што со специјален лет на авион на военото воздухопловство кусо по 3 часот утрово беше пренесен во Универзитетската општа болница „Атикон“, во специјално подготвена соба.
Георгиадис, преку Икс посочи дека не постои причина за загриженост, а задолжителниот карантин е само мерка на претпазливост.
-Тој е без температура и асимптоматски, без никакви знаци на болест. Единствено од превентивни причини е префрлен во болницата „Атикон“ во карантин. Не постои апсолутно никаква причина за загриженост, напиша министерот за здравство на Грција.
Паралелно им се заблагодари на екипажот на авионот, на придружниот персонал на службата за брза помош и на претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција за нивниот придонес во реализирањето на репатријацијата на грчкиот државјанин.
Според медиумите во Грција, станува збор за 70-годишен пензионер.
МИА
Ново на Сител
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
