Поранешниот венецуелански лидер Николас Мадуро затворската ќелија во САД ја дели со уште 18 затвореници

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници.
Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување.
Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени од американски сили во Каракас на почетокот на јануари и префрлени во Њујорк. Тие се соочуваат со обвиненија за „нарко-тероризам“ и шверц на кокаин во САД, што Мадуро ги негира.
Неговиот 35-годишен син, познат како „Николасито“, ги отфрли обвиненијата и случајот го оцени како политички мотивиран, тврдејќи дека неговото семејство нема врска со дрога или тероризам.
Тој изјавил дека американската воена операција во Каракас била изненадување и за семејството и за венецуелската влада, и покрај растечките тензии со администрацијата на Доналд Трамп пред акцијата на 3 јануари.
Според него, Венецуела ги преценила сопствените капацитети и не направила доволно за да го заштити неговиот татко.
Синот на Мадуро ги отфрли и тврдењата на Трамп дека САД фактички ја презеле контролата врз државните работи во Венецуела по апсењето на поранешниот претседател. За актуелните мерки, како амнестијата и отворањето на нафтениот сектор, рече дека се иницијативи на самата Венецуела, додавајќи дека земјата и понатаму останува социјалистичка, иако мора да прави одредени отстапки.
Во моментов, функцијата вршител на должност претседател ја извршува Делси Родригез.
МИА
Ново на Сител
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
