Македонија
14. May 2026 - 15:37

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје

Четириесет и тригодишен кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево околу 11 часот на автопатот Куманово – Скопје, во атарот на  Агино Село. Како што информираат од СВР Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

- Донесено е лице со тешки телесни повреди, пружена му е помош и е задржано на лекување-изјави директорот на болницата, Сашо Стошевски.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.