Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“

Под мотото „Сите на Водно!“ викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас, соопшти организаторот.
Во петте натпреварувачки категории планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, e-bike трка и тим-билдинг трка за компании, се додава во соопштението, учесниците покажале спортски дух, издржливост и силна мотивација, но пред сè испратија моќна порака за заедништво, здрав живот и позитивна енергија.
- Веруваме дека улогата на бизнис секторот е да биде активен двигател на позитивни промени – да создава вредности, да поттикнува заедништво и да инвестира во иницијативи кои носат позитивни промени и поддржуваат здрави генерации. Затоа и сме дел од приказна како „Прв до врв“ - изјавила Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка кои се поддржувачи на манифестацијата.
Победници во овогодинешното издание во трката планинско трчање, во машка конкуренција, прв до врв беше Ивајло Атанасов од Бугарија, додека во женска конкуренција најбрза беше Благица Јованова. Во категоријата планински велосипедизам, кај мажите победи Петар Колеќевски, а кај жените прва до целта пристигна Маја Илиевска.
Во друмски велосипедизам, најбрз во машка конкуренција беше Константин Костоски, додека кај жените триумфираше Елена Петрова.
Во e-bike категоријата најбрзи беа Дарко Блажески и Елена Зарковска.
Во тим-билдинг трката, првото место го освои тимот на ВДЛ Ван Хоол Македонија, второто место Axapta Masters, а третопласирани беа ИПА Скопје.
Покрај спортскиот дел, беше понудена целодневна програма исполнета со музика, забава, наградни активности и релакс-зони за посетителите. Relax зоната беше едно од најпосетените места на настанот, каде што учесниците уживаа во освежување, ладно цедени сокови, сладолед и атмосфера создадена за дружење и полнење енергија по трката.

Беа доделени и вредносни ваучери за спортска опрема во износи од 100, 200 и 300 евра, дополнително мотивирајќи ги присутните да продолжат да инвестираат во активен и здрав животен стил.
Следното издание на „Sparkasse Life Прв до врв“ е најавено за 16 мај 2027 година.
До тогаш – да продолжиме да се движиме, да се инспирираме и заедно да го освојуваме секој нов врв.
МИА
Ново на Сител
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
