„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“

„Гугл“ започна со тестирање измени за бесплатниот простор за новите корисници на „Џимејл“. Наместо досегашните 15 гигабајти (ГБ), новите сметки сега добиваат само 5 ГБ почетен простор. Од компанијата потврдија дека станува збор за пробна политика за управување со складирањето податоци.
Според новите услови, корисниците ќе можат да го добијат целосниот бесплатен капацитет дури откако ќе поврзат телефонски број со својата сметка. Со додавање на бројот, системот автоматски ќе ги овозможи стандардните 15 ГБ простор. „Гугл“ овој потег го претставува како мерка за поголема безбедност и полесно враќање на сметката. Ваквите промени прво се забележани од корисниците на платформата „Редит“, каде што биле регистрирани случаи на намален простор кај новоотворени сметки. Компанијата наведува дека целта на тестирањето е подобра заштита на корисниците и поквалитетна услуга, додека телефонскиот број помага при верификација и обновување на сметката.
Според експертите, ваквите измени би можеле да помогнат и во борбата против несаканата пошта и лажните профили. Сепак, дел од јавноста смета дека ова би можело да доведе и до дополнително собирање лични податоци од страна на компанијата. Засега овие промени се однесуваат само на новите корисници во некои региони, додека постојните сметки на „Џимејл“ и понатаму го задржуваат бесплатниот простор од 15 ГБ. Од компанијата сè уште немаат потврдено дали овие измени ќе бидат воведени на глобално ниво или станува збор само за тест-период. Во моментов, додавањето телефонски број се смета за наједноставен начин корисниците да го обезбедат целосниот бесплатен простор за складирање податоци.
МИА
Ново на Сител
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
