Свет
25. May 2026 - 19:13

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица.

– Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора веднаш да преземат соодветни мерки.

Претходно денеска Уганда соопшти за уште два случаи на заразени со ебола, со што бројот на пациенти со потврдена болест достигна седум.

СЗО го прогласи жариштето на реткиот сој Бундибуџо (Bundibugyo) за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење.

Гебрејесус најави дека утре ќе отпатува за ДР Конго и дека одговорот во врска со брзорастечкото жариште е усложнет од фактот што во провинциите Итури и Северно Киву во ДР Конго, каде што се шири заразата, владее несигурност, а против сојот Бундибуџо нема одобрена вакцина.

МИА

Ново на Сител