Помалку патници во градскиот автобуски превоз
Постојано доцнење, неточен возен ред, гужви – ова се најчестите забелешки на граѓаните кои секојдневно го користат градскиот автобуски превоз..
„Не се навреме. Чекаме по еден час“
„Не се точни. Сега пишуваше да дојде пред еден час и не дојде. Сега пишува друг да дојде за 7 минути, а го нема. Ретки се“
„Нема клима, има гужва, не се редовни. Пишува дека ќе дојде за 15 минути, а ќе чекаш дупло“, велат граѓаните.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите три месеци од годинава, намален е бројот на патници кои се возеле со автобус.. Во споредба со истиот период лани, кај градскиот превоз забележано е намалување од околу пет отсто, а кај приградскиот, близу девет проценти..
Според граѓаните, неопходно е во сообраќај да се вклучат повеќе автобуси..
„Да се купат нови автобуси, ветија, ама еве, го поништија огласот“
„Треба повеќе автобуси да има“
„Користам такси, не можам да стигнам со градски автобус од еден крај до друг крај, ми треба многу време“
„Повеќе автобуси да има, да не чекаме по еден час“, објаснуваат граѓаните.
Министерството за транспорт, минатата недела објави дека пропаднал тендерот за набавка на 150 електрични автобуси кои требаше да пристигнат од Унгарија.. Набавката ја поништила Државната комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи немало електронски договор за соработка со фирмата која требаше да изгради станици за полнење на возилата..
Градските власти најавија дека во рок од една недела ќе распишат нов оглас..
Инаку, според статистика, во првото тромесечје од годинава, забележан е пораст од над 9 проценти на бројот на превезени патници кои користеле меѓуградски линии..
Пораст има и кај меѓународниот превоз на патници..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
