Македонија
1. јуни 2026 - 21:16

Фетаи поднесе оставка

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи си поднесе оставка. Како што потврдија владините служби таа ќе биде потврдена и на првата валдина седница, а потоа ќе биде испратена и до Собрнаието за да биде конечно и констатирана. Дека докумнетот е депониран во неговиот кабиент, потврди и премиерот Мицкоски.

Фетаи веќе ја објави својата оставка на Фејсбук. Во неа освен тоа што се заблагодарува на соработката со Мицкоски, на крај дава му дава совети на премиерот. Го охрабрува, како што пишува во докуменетот, да ја зачува силната поддршка за борбата против корупцијата и да обезбеди неколебливо и целосно спроведување на реформите.

Во објавата пак, Фетаи пишува: „Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да. Заминувам со крената глава и чиста совест. Ова е добро смислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедно и најдостоинствено нешто“.

Фетаи повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата  и неговото заминување не беше неочекувано.  Стана извесно дека ќе остане без министерска фотелја откако ја изгуби Биткта внатре во Вреди со сопартиецот Азир Алиу. Сепак, премиерот Мицкоски уште пред еден месец најави дека Фетаи останува сорабтоник на Владата од Брисел.

Со оставката на Фетаи практично почнува реконструкција на владиниот кабинет која беше највена уште пред Нова година. Покрај Фетаи, извесно е дека од Владата ќе замине и министерот за социјална политика Лимани кој се скара со БЕСА и Касами пред обединувањето на Вреди. Како сигурен кандидат за смена е и министерот за правда од редовите на ЗНАМ Филков.

Се очекуваат смени и на кадри и ресори во ВМРО-ДПМНЕ.

Иако официјално не се отрива ништо, неофицијално средба за реконструција меѓу  владините партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ треба да се очекува уште наредната недела. Реконструкцијата на Владата пак, би требало да биде во втората половина на мецесов , што е на половина од мандатот  на Мицкоски.

Не е исклучено и поголема промена, на повеќе од третина од министрите што би значелоо ново гласање на целата влада со 61 пратеник, мнзоинство во парламентот што не е проблем за Мицкоски. Ова некои кругови во власта го толкуваат како знак дека премиерот е решен да истера цел мандат.