Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции, пристапот се подобрува

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува - изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. За 9,9 проценти имало пораст за периодот 2023 - 2025 година. Се работело за 14 опфатени јавни здравствени установи. Клековски истакна дека земјава е солидна во замена на колкови, но во однос на интервенции на замена на колена сè уште заостанува зад регионот.
- Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“ и понатамошен развој на коленската артропластика - нагласи Клековски.
Тој се осврна и на неколкуте препораки. Така, покрај отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“, се препорачува континуиран синџир на снабдување, тендери да се распишуваат најмалку четири месеци пред истекот на договорот, групна/рамковна набавка за управување со набавки и резерви наспроти листите на чекање, стандардизација на клиничките патеки, намалување на варијациите во просечниот болнички престој мегу установите, централизиран регистар на чекање со максимален рок за неитни интервенции - препорака: до три месеци.
- Да, точно е, листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото, во „8 Септември“ и на Клинички, затоа што поединци сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некого кај кого можеби има слободен термин - одговори Клековски на новинарско прашање.
Клековски нагласи дека во анализата не се вклучени пациенти од приватните здравствени установи во државата.
МИА
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
