Македонија
7. јуни 2026 - 16:35

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик

Европската слободна алијанса едногласно ја усвои резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција, која јасно бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци.

Воедно, резолуцијата ја осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.

Eвропска слободна алијанса е  политичка алијанса составена од партии кои застапуваат интереси на одредени народи, малцинства и региони, особено оние што бараат поголема автономија или право на самоопределување.

Во моментов во Албанија живеат над 100.000 Македонци.