Македонија
30. March 2016 - 16:17

Струмичанец рекордер - 30 пати закажал на мој термин, но не се појавил на преглед

60 годишен струмичанец 30 пати закажалувал термин, но не се појавувал кај лекарот.

Тој е рекордер по бројот на нереализирани прегледи. Лани од над 3 милиони дури 14 проценти или над 433.000 упати пропаднале, покажуваат податоците од Мој термин.

Според статистиката од електронската евиденција во јавното здравство во 2015 околу 5400 граѓани не отишле на закажаното снимање на магнетна резонанца со што биле изгубени термини за 3 месеци.

Од друга страна, само овој месец 27 доктори доцнеле 3 или повеќе пати подолго од 1 час на работа, но има и лекари кои напорно работеле и за три месеци извршиле повеќе од 1000 амбулантски прегледи.