Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија.
Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година.
Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет проценти. Белгија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, но значително се зголемиле количините на увезен течен природен гас.
Медиумите оценуваат дека таквите податоци се спротивни на настојувањата на Европската Унија да ги намали приходите што Русија ги остварува од извозот на енергенси.
Минатата година Белгија увезла вкупно 17,6 терават-часови руски гас, што е повеќе од количините увезени пред воведувањето на европските санкции кон Москва.
MIA
Ново на Сител
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
