Македонија
3. July 2026 - 16:31

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје

Од една страна менаџментот на Титан Усје и претставници на Министерството за животна средина, од друга загрижени граѓани. На јавна дебата во пресрет на продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Цементарницата активисти велат дека новата дозвола предвидува стари правила, особено во делот на дозволена емисија на штетни гасови. Бараат сите мерења да бидат јавно достапни и читливи за секого.

-Затоа што во она што го видовме како напишано и поднесено од нивна страна, како официјален документ, сите гранични емисии беа оставени на старото ниво, како старата дозвола којашто е двојно повисоко од важечката европска регулатива, вели Марија М. Од „Стоп за Усје“.

Од компанијата уверуваат – работат согласно Законот и постоечката дозвола, а ќе ги почитуваат правилата во новата кога ќе ја добијат.

-Ние ќе работиме согласно важечките Закони коишто, пак, ги транспонираат европските директиви. Така што, ние никогаш, ниту досега, а нема ни во иднина да ги надминуваме пропишаните вредности коишто се дел од сегашната дозвола и во иднина кои ќе бидат пропишани со обновената А-интегрирана дозвола, вели Наташа...

Според уверувањата на надлежните институции, новата дозвола ќе има построги правила и биде согласно Закон кој во сила ќе влезе во септември идната година.

-Законот веќе влегол во сила. Има транзиционен период за нас да ги подготвиме подзаконските акти. Не само Усје, туку и сите на коишто постапката им е во тек за обнова на дозвола, значи не е само Усје во процедура за дозвола. Значи, сите го прифаќаат фактот дека поефикасно е отсега таа дозвола да ја добијат за да идната година не почне нова продецура за нова дозвола, вели

Стоп За Усје пред 10 дена организираше протест поради апликацијата на ТИТАН Усје за нова А-интегрирана дозвола. Здружението со протести беше поактивно зимоска кога и аерозагадувањето беше видливо со голо око.