Loading Video...
Македонија
3. July 2026 - 16:38
Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
Кривична пријава за насилство заработија три лица на возраст од 19 до 23 години за случајот во кој со нож беше избодено 14 годишно момче во Ченто.. Според кривичната пријава на МВР осомничените прво физички го нападнале детето, а потоа и го избоделе со нож..
За мајката на повредното дете, нејасно е зошто случајот се води како насилство..
Засега непознат е мотивот за настанот.. Мајката на момчето Тврди дека ниту тој ниту семејството имале недоразбирања со други лица.. Напаѓачите, вели таа, освен ножеви, носеле и пушка Калашников, а биле и маскирани..
Случајот е сега во рацете на јавното обвинителство.. Од таму велат дека по добивање на медицинската документација за повреденото дете, ќе биде оформет предмет..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
