Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
Заврши законскиот рок за аплицирање за една од најатрактивните мерки од Оперативниот план на Владата за која се пријавија над 5.000 наши граѓани, мерката самовработување.
Понатаму оние кои ќе имаат најдобри бизнис планови и најмногу поени влегуваат во процедура за избор и земање на грант. Целата на сите овие мерки се пред задржување на младите дома.
„Целта е да постигниме три основни цели, прво да ја намалиме невработеноста во Македонија, која морам да кажам дека е на историски најниско ниво од осамостојувањето на Македонија до денес. Исто така да овозможиме развој на локалната економија преку отворање на вакви бизниси и секако младите работоспособни луѓе да ги задржиме дома, да не одат во странство“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.
„Сите апликанти кои ќе поминат на таа првична селекција од страна на АВРМ се доставуваат до агенцијата ИНОВА каде секој е контрактиран од наша страна и му се доделува корисничко име и пасворд од платформа каде што ќе може да одбери со кој од нашите советници ќе сака да го изработува бизнис планот“, рече Даниела Димовска, директор на Агенција ИНОВА.
Младите кои аплицираа очекуваат да им биде прифатен нивниот бизнис план и да отворат свој бизнис.
„Аплицира за автолимарија,по прв пат, сакам да си отворам свој бизнис“, кажа Давид Митрикески, апликант за грант за самовработување.
„Првична идеја ми е отворање на мултифункционален едукативен центар каде што ќе се развиваат покрај едукативни вештини и вештини за иднината“, додаде Милена Конеска Милошеска, апликант за грант за самовработување.
Помеѓу присутните имаше млади кои отвориле свој бизнис со ланките мерки и сега се задоволни од тоа како им оди.
„Фаст фуд отворивме ние, конкретно има западен стил на храна, доста успешен бизнис, задоволни сме од проектот. Би го препорачал младите да се охрабрат и да отворат нови бизниси“, изјави Николче Везенкоски, аплкант од минатата сега со успешен бизнис.
Во Прилеп бројот на апликанти е зголемен за разлика од лани од 294 на 316.
Новитет е тоа што оваа година може да аплицираат и повратници од странство кои добиваат плус 10% на секоја сума од различните грантови.
„Најголемиот дел од апликациите се за во услужните дејности, има дел и во производство, како производство на керамички плочки, дообработка на мермер, има во ИТ секторот, има во повеќе сфери“, истакна Виолета Димеска, раководител на АВРМ Прилеп.
„Верувам дека од овие 316 апликанти најголем дел од нив ќе бидат одбрани и ќе добијат средства за да отворат сопствен бизнис, а со тоа работиме на намалување на невработеноста кај нас која постајано се намалува“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
Од наредната недела стартува мерката помош за правните лица при вработување.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар
