Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали.
Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера да му покажат на светот дека инвестираат во одбраната, го ребалансираат сопствениот безбедносен систем и ја засилуваат својата индустриска база.
„За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме безбедносните барања на денешницата и утрешнината“, изјави Руте во интервју за „Вашингтон пост“.
Во меѓувреме, извршниот директор на шведската одбранбена групација, Микаел Јохансон, изјави дека компанијата „Сааб“ (Saab) во 2030 година ќе може да почне со испорака на авионите „Глобалај“ (GlobalEye) доколку НАТО во најкус можен рок потпише договор со нив. Јохансон додаде дека конечната цена сè уште не е договорена, но дека ќе изнесува меѓу 400 и 450 милиони долари по авион.
Руте истакна дека НАТО е единственото место што ги обединува САД, Канада и Европа за на практичен начин да ги решаваат најитните прашања кои влијаат на заедничката безбедност.
- Тие прашања се Русија, тероризмот и конкуренцијата со системските ривали и извозниците на хаос – рече Руте.
Самитот на НАТО се одржува денеска и утре во Анкара, а заканите и предизвиците за евроатлантскиот регион, Украина и јужното крило на НАТО ќе бидат меѓу клучните теми на собирот.
МИА
Ново на Сител
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
