Преглед на вестите од светот
Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина со беспилотни летала и дронови. Русија во понеделник соопшти дека нејзините сили нападнале повеќе украински воени објекти, додека Украина објави дека во последните 24 часа нападнала руска рафинерија за нафта на околу 2.500 километри од нејзината граница.
Русија соопшти дека нејзините сили нападнале седум воено-индустриски претпријатија и енергетска инфраструктура во Киев и регионот на Киев. Целите вклучувале пет фабрики кои произведуваат беспилотни летала.
Генералштабот на украинските вооружени сили во понеделник соопшти дека неговите специјални сили ја нападнале рафинеријата за нафта Омск, една од најголемите во Русија. Објектот се наоѓа на речиси 2.500 километри од украинската граница. На местото на настанот е пријавена експлозија и последователен пожар, а обемот на штетата сè уште се проверува. Според украинската војска, рафинеријата обезбедува логистичко снабдување за руските вооружени сили.
Куба почна полека да ја враќа електричната енергија во понеделник откако националната електрична мрежа на земјата се распадна претходно во текот на денот, што е најновиот удар за островот кој веќе страда од сериозен недостиг на енергија, гориво и лекови. Операторот на електричната мрежа соопшти дека обезбедува електрична енергија за некои витални услуги, вклучувајќи ги болниците и центрите за производство на храна, но до доцна попладне можеше да задоволи само 1% од побарувачката на главниот град Хавана.
Куба со месеци страда од прекини на електричната енергија, а тоа се должи на дотраената мрежа и блокадата за нафта наметната од САД, која го прекина снабдувањето со гориво на островот. Речиси две третини од земјата беше без струја кога мрежата доживеа колапс во понеделник. Националното затемнување во понеделник е осмо од октомври 2025 година, а трето оваа година.
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела од 24 јуни се искачи на 3.535, а 16.740 лица се повредени. Дополнително, 17.854 лица остануваат бездомници. Бројот на спасени лица остана на 6.462, додека 86.794 семејства добија помош, изјавија властите
Регистрирани се вкупно 1.048 последователни потреси, по двата кои ја разурнаа Венецуела. Жителите и спасувачките екипи во тешко погодената крајбрежна држава Ла Гваира продолжуваат со пребарувањата, некои очекуваат нивните најблиски да бидат се уште живи, но и во најлош случај да ги пронајдат нивните тела.
Дека Светското првенство во фудбал е повеќе од настан само од спортски карактер покажуваат и сликите од Чиле. Оваа земја не учесник. Но, 33-годишниот Ариел Осес, кога неговиот автомобил беше покриен со самолепливи сликички од Светскто првенство. Колекционерите на сликички од целиот свет на различни начини го доживуваат и го живеат секое големо фудбалско натпреварување.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
