Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
44 годишен охриѓанец сакајќи да ја сокрие дрогата од полицијата проголтал опаковка со наркотична материја. Најнапред му се влошила здравствената состојба по што од страна на полициските службеници повикана била Итната медицинска помош со чие возило бил пренесен во Општата болница, но и покрај преземените медицински мерки, тој починал.
Тој и другото лице кое било со него им се добро познати на охридската полиција.
- На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба, стои во соопштението на СВР Охрид.
Докторите предупредуваат дека преголемата количина на кокаин е крајно опасна и директно доведува до смрт. Овој моќен стимуланс предизвикува сериозни кардиоваскуларни и невролошки проблеми кои можат да завршат фатално.
По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
