Македонија
10. July 2026 - 16:39

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот

Годишниот одмор ова лето граѓаните ќе ги чини поскапо. Цените се повисоки за 10, 15, па и 20 отсто во однос на ланските. Во екот на туристичката сезона, зависно од локацијата и дали е хотелско или апартманско сместување, едно 4 члено семејство ќе треба да плати најмалку 1,500 евра, велат од туристичките агенции. Затоа се поголем број граѓани уплаѓаат рани аранжмани, уште во ноември/декември, а некои пак ги чекаат последните понуди.

-Цените варираат. Некогаш е поевтино во ласт минут понудтата отклолку во рана резервациај да се уплати. Грција има ектремно скапи и нормални цени. Хотелите се поскапи од апартманското сместување, така што семејство во шпиц на сезона јули/савгуст, ќе плати од 1,500, 2,00 евра па нагоре, изјави Иво Крстевски, туристичка агенција.

Традиционално, број еден дестинација за летување на македонците е Грција. Следни се Турција, Тунис, Албанија, Црна Гора и Хрватска. Граѓаните бараат и подалечни, попопуларни дестинации, како Сејшели или Малдиви, каде цените се речииси исти како летувањето во Грција.

-Има граѓани кои бараат и летување на Малдиви, Сејшели, но сега, во лето и баш не им е сезона и не се толку актуелни.  Цените за такви, затоа што европските земји се најскапи. За одмор на Сејшели на пример, половина од сумата оди за авионски карти и транфери, можете да замислите колку е поевтино сместувањето таму, додава Крстески.

Откажани аранжмани поради новиот ситсем за влез и излез во европсите земји нема, вели Крстевски. Гужвите и чекањата на аеродромите се сведени на минимум, додека  патувањата  со автомобил  во соседството се некаде за половина час подолги, зависно од капацитетот и големината на граничниот премин. Додаваат и дека е добро што  системот за биометриска проверка на граѓаните се суспендира кога има гужва.