Органодонорството шанса за нов живот
Нагип Али и Панде Пашериковски од пациенти со механичка потпора на срце и секојдневна борба и голгота по болничките ходници по успешната трансплантација едниот во Виена а другиот во Шведска живеат нов живот.Тие апелираат на поголема свесност кај населението за органодонорството кое значи шанса за продолжување на животот.
30 тина лица чекаат трансплантација на срце од кои 15 тина поврзани на механичка пумпа 24 часа на ден, целосно зависни од батериите. Секојдневно се изложени на овој животозагрозувачки ризик и единствена надеж им е трансплантација на срце.
Ирена Ралева-Најдевска сопруга на лице со механичка потпора на срцето 8 години е регистрирана како потенцијален донор за да спаси нечиј живот.
Инаку согласно новиот закон за органодарителство граѓаните ќе имаат можност сами да одлучат дали сакаат да бидат органодарители, а одлуките ќе ги разгледува Етичката комисија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
