Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според неговото искуство и во животот и во политиката ако сакате некоја работа да не се заврши тогаш формирајте група или комисија и тогаш работата нема да добие таков тек како што треба да добие.
- Претпоставувам, таа е целта на СДСМ. Тие четири месеци работеа во Парламентот, се договараа, преговараа и наеднаш кога сфатија дека треба да сработат нешто тогаш заедно со другата политичка партија во опозиција Левица одлучија да го блокираат овој процес под изговор да не им е дозволело на дијаспората да гласа, затоа што на тој начин ќе биле украдени изборите. Што во превод значи дека тие се свесни дека на следните парламентарни избори тие ќе доживеат уште еден изборен дебакл, ќе ги загубат, и следната Влада која што ќе биде повторно истата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подготвува претседателските избори коишто ќе се случат во 2029 година и тие се исплашени дека таа Влада има можност да ги украде тие претседателски избори. Тоа значи дека Фројд работи кај нив, односно нивната потсвест, како што и тие правеле, мислат дека и ние така правиме, рече Мицкоски, кој беше во посета на Охрид.
Потсети дека актуелната Влада веќе организирала локални избори кои поминаа во скандинавски тек, што се гледало и по бројот на поплаки.
- Треба да бидат искрени кон граѓаните и кон нивните поддржувачи дека овие се изговори се за да се избега од вистината и реалноста, да избегаат од изборите и на тој начин го покажуваат својот губитнички менталитет. Ние имавме јасен став - вие во опозицијата донесете експерти, правете што ќе правите, донесете текст во којшто ќе биде вклучена и методологија како би гласала дијаспората поинтензивно, ние без да го проверуваме веднаш ќе го поддржиме. Ни тоа не го направија. Камо ли ние кога бевме во опозиција да имавме ваква Влада која ќе ни оставаше бланко простор за да можеме да поднесуваме решенија - рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
