Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран

Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци.
Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни.
Податоците, собрани од националната статистика за смртност во 27 европски земји-членки, вклучуваат дополнителни смртни случаи од сите причини, а не само поврзани со топлината, во текот на неделата од 22 до 28 јуни, кога топлотниот бран достигна врв во Франција, Шпанија, Велика Британија и други земји.
Комбинираниот број на смртни случаи во истите европски земји во текот на претходните осум недели во просек изнесуваше околу 500 смртни случаи неделно под нормалните нивоа. Податоците на EuroMOMO може да бидат изменети во наредните недели, како што ќе се примаат нови податоци.
Екстремниот топлотен бран на крајот на јуни го прекина снабдувањето со електрична енергија, ги затвори училиштата и ги урна рекордите за температура во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство.
EuroMOMO не објавува податоци за прекумерната смртност за поединечни земји, но наведува дека Франција и Белгија се единствените две европски земји кои регистрирале „многу висока прекумерна смртност“ во последната недела од јуни.
Високиот број на смртни случаи во Белгија бил највисок за време на кој било топлотен бран што е регистриран од 2000 година, според белгискиот институт за јавно здравје „Сиенсано“.
Одделна научна студија објавена денеска проценува дека 2.700 лица починале како резултат на топлината за време на мајските и јунските топлотни бранови во Англија и Велс.
Според истражувањето на Империјалниот универзитет во Лондон, Метеоролошката служба на Велика Британија и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, 42 проценти од тие смртни случаи се припишуваат на дополнителната топлина што глобалното затоплување ја додаде на топлотните бранови.
МИА
Ново на Сител
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
