Македонија
13. July 2026 - 16:27

Основана Кинеско-македонската стопанска комора

Во Скопје денеска официјално беше основана Кинеско-македонската стопанска комора, чија цел е да ги зајакне економските врски меѓу Македонија и Кина, да го зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар и да поттикне нови кинески инвестиции во земјава.

Комората е формирана од компании од секторите градежништво, енергетика, туризам и винарство.

На промотивниот настан беше оценето дека најголем потенцијал за билатерална соработка има токму во туризмот и енергетиката.