Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Судот изрече ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за предметот поврзан со изградба на партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ. Директна причина за ваквата одлука се измените на КЗ од 2023 година. Според судијката Алексовска-Стојановска обвинителството не го прилагодило обвинението на новите законски одредби, туку останало на истите факти и докази кои по измените на законот веќе не биле доволни за да се утврди вина за делото пречекорување на службените овластувања. Судот појасни дека ослободителната пресуда не е резултат на поинаква оценка на доказите туку е директна последица на примената на поблагиот закон за обвинетиот.
- И покрај тоа што оваа пресуда е сосема различна од претходно донесената во конкретниот предмет, сепак анализата и оценката на доказите утврдените факти и заклучоците изведеи од страна на судот останаа непроменети.така што при постоење на истите докази врз основа на кои судот претходно утврди дека е сторено предметното кривично дело со искористување на службената положба и овластување, цени дека при постоење на истите тие докази, не се докажа надвор од разумно сомневање дека делото е сторено со друг вид на дејствија, односно пречекорување на овластувањата и со неизвршување на службената должност.
И како последно од најбитно значење за пошироката јавност е дека судот останува конзистентен во одлучувањето, во анализата и оценката на доказите, како и фактите кои произлегуваат од истите, на кои исклучиво ги темели своите одлуки, бидејќи само на тој начин може да се гарантира правото на правна сигурност на граѓаните во чие име судот ги носи своите пресуди.
Со секоја пресуда се испраќа одредена порака до јавноста. Во конркетниот случај пораката е следна – ваквата ослободителна пресуда е исклучиво резултат на донесување на законот за изменување и дполн накривичниот законик од 2023 а како директна последдица накоја беше укинувањеро на првостепената пресуда во овој предмет, како што тоа го констатира и Апелациониот суд скопје во второстепената одлука на овој предмет.
Судот одлучи трошоците за постапката да паднат на товар на државниот буџет, а се одбива и барањето за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот Талир 2 се однесуваше на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, каде според обвинението фирмата „Бетон“ незаконски ја изградила зградата во замена за државни тендери. Во првото судење во 2022 година, Груевски беше неправосилно осуден на шест години затвор. Сепак, по укинувањето на пресудата од Апелација и со измените на Кривичниот законик застаре делото за вториот обвинет, поранешниот владин генсек Кирил Божиновски.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
