Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
Снимки и извештаи кои го документираат загадувањето од цементарницата „Усје“ – ова со себе го понесоа претставниците од иницијативата „Стоп за Усје“ на првата средба со министерот за животна средина. Активистите изјавија на надлежните воопшто не им се допаднало тоа што го виделе на видеоматеријалите но кај нив сепак препознале искрена, граѓанска реакција.
По состанокот, средбата ја оценија како позитивен чекор напред кон исполнување на нивните клучни барања: дозвола според европски стандарди, гасификација на фабриката и и систем којшто 24 часа во денот во реално време ќе го мери загадувањето на фабриката. Двете страни се согласиле дека новата А интегрирана дозвола ќе биде според новиот закон кој ќе почне да важи од септември 2027-мата година, а кој предвидува далеку построги правила
„Ние им презентиравме на ним она што го имаме како снимки и извештаи околу загадувањето..тоа го видоа, нормално дека не им се допадна. И го видовме тоа граѓанство во нив, што изреагираа на начин како што секој граѓанин би реагирал“. Ни кажаа дека А интегрираната дозвола ќе биде според европски стандарди, чекаме тоа да го видиме. Околу, гасификација дека ќе разгледаат, а околу мерењата дека ќе бидат 24/7 односно дека ќе мораат да се види во риал тајм загадувањето, секој граѓанин да го види“, додадоа од Иницијативата „Стоп за Усје“.
Како продолжение на дијалогот што започна на јавната расправа, денеска се сретнав со претставници на иницијативата „Стоп за УСЈЕ“, напиша и министерот Хоџа На ФБ.
„На состанокот уште еднаш ја потврдив нашата определба - обновената А-интегрирана еколошка дозвола за ТИТАН-УСЈЕ да биде изготвена согласно критериумите од новиот Закон за индустриски емисии. Со него се воведуваат построги, европски стандарди за заштита на животната средина стои во објавата на Хоџа на ФБ.
Сега следен чекор е властите да ја објават драфт верзијата од новата дозвола, па потоа активистите велат дека ќе се произнесат со забелешки.
Инаку, процесот за добивање на новата А-интегрирана дозвола за „Усје“ која е воедно и најтешка за добивање – се одвива во период на зголемен револт кај жителите на Скопје. Граѓаните порачуваат дека нема да отстапат додека не добијат чист воздух и институционална гаранција за нивното здравје.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
