Македонија
16. July 2026 - 16:34

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа

Обвинувања за кршење на деловникот, меѓусебни довикувања, паузи - одлучувањето за законот за правична застапеност ја вжешти атмосферата во Парламенот.

ДУИ жестоко реагира дека власта сака шверцерски да го донесе законот и без образложение го одложува гласањето иако присутни се пратениците од немнозинските заедници. Обвинуваат дека се крши деловникот и бараат законот да биде веднаш ставен на одлучување или јасно да се одреди денот и часот кога ќе се случи за сите пратеници да бидат тука, бидејќи се носи со бадентер.

Бендевска која го менува Гаши, вели деловникот ја дозволува можноста гласањето да биде одложено. Со меѓусебно довикување од говорницата со поранешниот претседател на Парламентот Талат Џафери се убедуваа кој како ги води седниците.

Со процедурални забелешки албанската опозиција не дозволи да се продолжи со дебата и гласање по другите закони од дневниот ред, додека не се гласа за Законот за правична застапеност.