Откриени шест римски вили на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција
Шест вили од римскиот период откриени на трасата на идниот интерконективен гасовод помеѓу Македонија и Грција. Ова се резултатите од заштитните истражувања кои во изминатите неколку месеци ги спроведе стручниот тим на струмичкиот Завод и Музеј, на потегот од граничната линија со Грција па сeдо 38 от километар од идниот гасовод. Станува збор за остатоци од луксузни вили кои во тоа време биле во сопственост на побогати граѓани и служеле за одмор. При ископувањата, кои се одвиваа од март до јуни годинава, пронајдена е голема количина на движно културно наследство.
Бидејќи објектите се наоѓаат надвор од самата линија на положување на цевките, нема да има потреба од изместување на гасоводната траса. Теренот веќе е археолошки ослободен за градежни активности, но она што ќе мора да го испочитува инвеститорот е поставувањето на цевките да се одвива под задолжителен археолошки надзор на терен.
Имајќи предвид дека се работи за исклучително богат археолошки материјал, од струмичкиот Завод и Музеј не ја исклучуваат можноста во иднина на овој потег да има и дополнителни археолошки истражувања.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
