Македонија
19. July 2026 - 16:28
Охрид полн со туристи
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона.Градот е полн со гости од сите краеви ширум светот. Исполнети се плажите долж охридското езеро угостителските објекти ,терасите и кафулињата ,а раздвиженост има и низа чаршијата и стариот дел од градот.
И оваа сезона карактеристично е тоа што најголем дел од посетителите се транзитни или со краток престој од само неколку денови.
Прогнозите на туристичките работници се целосна исполнетост на капацитетите на брегот на Охридското Езеро до крајот на август, но и продолжена летна сезона до почетокот на октомври.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
