Преглед на вестите од светот
Генералниот секретар на Арапската лига, Набил Фахми, во неделата предупреди за сериозните последици од тековната ескалација во регионот, повикувајќи на напори за избегнување на обновен циклус на насилство. Тој ги повика САД и Иран веднаш да работат на деескалација на тензиите, истакнувајќи дека продолжената ескалација само ќе донесе дополнителни загуби за сите страни. Предупреди на ризикот ситуацијата да излезе од контрола, што ќе доведе до меѓусебно уништување и влошување на економските услови во регионот и пошироко.
Генералниот секретар додаде дека иранските напади врз неколку арапски земји се отфрлени и осудени, истакнувајќи дека арапските држави претходно се спротивставувале на војната и не треба да ги сносат трошоците за нејзино продолжување или ескалација. Фахми, исто така, повика на напори за враќање на мирот и почитување на меѓусебните обврски според меморандумот за разбирање (MoU) потпишан меѓу Иран и САД, вклучително и заштита на слободата на пловидба во Ормутскиот теснец и избегнување на користењето на водниот пат како алатка за притисок или „економска принуда“.
САД и Иран изнесоа крајно контрадикторни тврдења за бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, додека Вашингтон и Техеран разменија закани за стратешкиот воден пат. Америка внимателно го следи движењето на големите танкери и ќе преземе мерки за да обезбеди слободен проток на нафта без оглед на иранската соработка. Извор од морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГК), објави во неделата дека бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец паднал на нула, при што во моментов нема бродски сообраќај.
Морнарицата на ИРГК нагласи дека одржува „целосна контрола“ над Ормутскиот теснец, а единствениот овластен премин е назначената безбедна патна рута објавена од иранските власти.
Најмалку шест лица загинаа, а 21 повреден по два земјотреси што го погодија планинскиот регион на Перу, изјави шефот на цивилната одбрана на земјата. Земјотресите, со магнитуда од 5,1 и 3,7 степени, се случија во сабота навечер во покраината Чупака во регионот Хунин, околу 300 км источно од Лима, Перу се наоѓа по должината на Тихоокеанскиот огнен прстен, зона која сочинува околу 85% од сеизмичката активност во светот.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
