Македонија
20. July 2026 - 19:31

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат

Уапсена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, заедно со неа со лициси на рацете во полициска станица беа одведени и техничкиот директор и раководителот на водоводната мрежа во претпријатието.

Обвинителството започна истражни дејствија, откако мострите од водата во Гостивар пристигнаа кај нив. Иако во ек на епидемија се уште ги чуваат во тајност, според неофицијалните информации во две мостри од вода биле пронајдени фекални бактерии, во третата премногу хлор. Една од насоките која се истражува е дали во водоводната мрежа навлегло фекално загадување, на што било извршено дополнително хлорирање на водата. 

Од Обвинителството велат дека:
- Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени се анализираат за да се утврди состојбата од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите. Постапката се уште е во фаза на предистрага која е тајна.

Директорката веќе е суспендирана дури трае истрагата, соопшти градоначалникот. Во меѓувреме свика кризен штаб и се чекаат резултатите од анализите на водата за да се дезинфицира водоводната мрежа. Ваљон Лимани не чувствува морална одговорност за епидемијата, во спротивно до сега ќе си дал оставка. Премиерот Мицкоски ги повика сите одговорни да сносат и кривична и морална одговорност и во најбрз можен рок да се расветли случајот. 

Во Гостивар се разнесуваат камиони со вода, а граѓаните во редици чекаат од камионот да земат шишиња. Водата е забранета за пиење, за готвење, а неможе да ја користата ниту за лична хигиена. 

Гостиварци се собраа денеска да протестираат пред Комуналното претпријатие. Едвај триесетина граѓани, изреволтирани од состојбата во која се наоѓаат, но и разочарани бидејќи дошле во мал број. Велат сите ја пијат истата вода, без разлика на националност и вера. Бараат решавање на проблемот и одговорност. 

Водата од градскиот водовод во Гостивар од петокот е забранета за секаква употреба.