Македонија
23. July 2026 - 16:43

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY со која ќе се јакнат капацитетите на македонските компании, а домашните производи ќе го освојуваат арапскиот пазар. Фокусот е ставен на вештачката интелегенција, сајбер безбеднота и иновациите.

Компанијата  SAVVY од Саудиска Арабија која работи на усовршување на новите технологии и и вештачката интелегенција е уверена дека дека со потпишување на договорите преку Н99 бенефит ќе добијат двете страни, а првите резултати може да се очекуваат веќе следната година. 

Потпишувањето на договорот со компании од Саудиска Арабија се само почеток на соработките со земјите од Блискиот Исток но и европскиот и американскиот пазар кои беа најавени пред неколку месеци на отворањето на паркот.