Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија

Најновите американски царини за шеесетина земји воведени од претседателот Доналд Трамп веднаш предизвикаа приговори од трговските партнери како што се Кина, Јапонија и Австралија, а австралискиот министер за трговија ги нарече „целосно неоправдани“.
Администрацијата на Трамп воведе царини од 10 до 12,5 проценти наводно затоа што тие земји не ја спроведувале соодветно забраната за продажба на производи изработени со принудна работа. Царините стапија во сила откако претходните привремени царини од 10 проценти истекоа на полноќ, а кои беа воведени како замена на огромните такси што беа поништени од Врховниот суд на САД.
Австралискиот министер за трговија Дон Фарел ја отфрли врската помеѓу неговата земја, голем извозник на говедско месо, злато и бакар, и модерното ропство и зголемувањето на американските царини од 10 проценти на 12,5 проценти.
– Веруваме дека, од сите земји во светот, Австралија многу сериозна се занимава со прашањето на робовладетелството, модерното ропство, и ќе продолжи да го прави тоа, изјави Фарел за новинарите во Аделаида.
Австралија, рече тој, верува дека зголемените царини се „целосно неоправдани“.
„Ќе продолжиме да лобираме кај трговскиот претставник на САД за отстранување на сите царини за австралиските стоки“, рече Фарел.
Нов Зеланд е исто така погоден од новите царини, кои, како и Австралија, се 12,5 проценти. Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, ги нарече „крајно разочарувачки“, неправедни и штетни.
Тој рече дека истрагата на САД што послужи како основа за царините не пронашла никакви значајни докази за да ги поткрепи тврдењата дека при производството на стоката се користела принудна работа.
И Јапонија протестираше против царината од 12,5 проценти, велејќи дека администрацијата на Трамп му ветила на Токио дека ќе нема дополнителни царини на оние од 10 проценти утврдени со билатералниот договор меѓу двете земји.
– Индустријата и трговијата на Јапонија се во согласност со меѓународните правила, соопшти јапонската Влада.
Шефицата за дипломатијата на Европската унија, Каја Калас, ги доведе во прашање позицијата на САД и американското образложение за воведување на новите царини.
– Ако ги споредите нашите закони за труд со оние во САД, мислам, имаме платен одмор, имаме многу добри услови за работа за нашите вработени, па ова е навистина неосновано, рече Калас.
Кинеското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека „се противи на сите облици на еднострани царини“.
– Царинските војни и трговските војни не им служат на интересите на ниту една страна, изјави портпаролот на МНР на Кина.
МИА
Ново на Сител
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
